Search

Душебаев и предлага на ЕХФ завршен турнир со осум наместо со четири екипи во ЛШ

Тренерот на полскиот ракометен првак првак Кјелце, Талант Душебаев има предлог за Европската ракометна федерација (ЕХФ), како да го организира завршниот турнир од елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите. Осминафиналето и четвртфиналето треба да се одиграат во јуни, а завршниот турнир во август. Но, проблем е што тимовите кои ќе се пласираат на завршниот Ф4 турнир во тој период ќе бидат со изменети состави.

За да не се случи тоа Душебаев предлага наместо четвртфинални двомечи, финалниот турнир да игра осумте екипи кои ќе стасаат во таа фаза, наместо досегашните четири екипи.

-Замене важно е сезоната да ја завршиме до самиот крај. Не гледам зошто наместо да играме четвртфинале, сите екипи кои ќе стигнат до оваа фаза да не се пласираат на завршниот турнир. Ако осминафиналињата се во првиот дел од јуни, тогаш завршниот турнир може да се одигра кон крајот на истиот месец и сезоната да заврши регуларно, со сите играчи во своите постоечки клубови, вели Душебаев.

 

Треба да знаете
Последни објави