Search

Дутерте се закани со откажување на гостопримството за американските војници

 Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ги предупреди САД дека ќе го откаже договорот за разместување трупи (ВТА) поради одлуката на Вашингтон да не му даде виза на поранешниот шеф на полицијата Роналдо „Бати” дела Роса, кој сега е сенатор.

Дела Роса изјави дека американската Амбасада на Филипините не му дала објаснување зошто визата му е поништена, но верува дека е тоа најверојатно заради наводите за нелегални убиства во текот на неговиот двегодишен мандат како шеф на полицијата, пренесоа агенциите.

Британските медиуми наведуваат дека Дела Роса беше главниот извршител на акцијата на Дутерте против нарко дилерите, што резултираше со смрт на повеќе од 5.000 лица, главно мали дилери, иако во официјалните извештаи се наведуваше дека тие биле убиени од полицајците во самоодбрана.

-Доколку не се направи исправка, ќе ги укинам базите според постојниот договор. На американската Влада и давам рок од еден месец, порача Дутерте во текот на говорот во Сан Исидор.

Со договорот, потпишан во 1998 година, е уреден статусот на илјадниците американски војници кои доаѓаат на Филипините на воени вежби и во хуманитарни операции.

Треба да знаете
Последни објави