Search

Дури пет градoви од регионот се меѓу десетте најзагадени во Европа

Според Светската здравствена организација (СЗО), на листата на 10-те најзагадени градови во Европа има пет од Балканот, и тоа Тузла (БиХ), Плевља (Црна Гора) и Скопје, Тетово и Битола (Македонија).

СЗО предупредува дека со тоа се нанесува огромна штета на економијата и луѓето. Според студијата на СЗО од 2016 година, загадувањето на воздухот во 2010 година е причина за повеќе од 37.000 смртни случаи во Западен Балкан, со население од 23 милиони. Ова е, во споредба со бројот на жители, шест пати повеќе отколку во Франција, но оттогаш не се преземени никакви мерки за спрешување на атмосферското загадување.

Треба да знаете
Последни објави