Search

Дурент ќе игра на секоја позиција во Бруклин

Новиот тренер на Бруклин Нетс, Стив Неш е добро познат со стилот на игра на sвездата на тимот Кевин Дурент. Двајцата работеа заедно во тимот на Голден Стејт Вориорс од 2016-2019 година, каде канадската легенда беше консултант, а во новата сезона тој планира да го користи Кеј Ди на сите пет позиции во неговата ротација – вклучително и плејмејкер и центар.

– Кевин има идеална должина што може да предизвика проблеми за секој кошаркар, без оглед на неговата позиција. Тој може да игра на која било позиција на паркетот, па затоа планирам да го користам на сите пет позиции. Возбуден сум и за некои од момците во составот – Карис ЛаВерт, ДиАндре Џордан, Џарет Ален и Џо Харис, рече Неш.

Триесет и едно-годишниот крилен напаѓач ја третираше искинатата ахилова тетива во изминатата година и се очекува да го има своето официјално деби за „мрежите” веднаш штом започне новата кампања во НБА.

Треба да знаете
Последни објави