Search

Дуле: Без правата на малцинствата нема интеграција за Албанија во ЕУ

– Лидерот на Партијата за заштита на човековите права, партија на грчкото малцинство во Албанија, Вангел Дуле, кој е и пратеник во албанскиот Парламент, обвини дека почитувањето на правата на малцинствата во Албанија и понатаму останува нереалзиран предизвик.

На тркалезната маса организирана од партијата под мотото „Отфрли да преживееш,избери да живееш”, која присуствуваше и грчката амбасадорка во Тирана, Дуле се заканил со блокада на патот на евонтеграциите „доколку нема подобрување на условите за Грците кои живеат на албанската територија”.

– Порано или подоцна почитувањето на правата на малцинствата ќе стане реалност бидејќи друг пат нема. Тоа е скала која доколку не се изгради не може да се постигне интеграција, изјави Дуле.

Недостигот на соодевтна легислатива и дискриминацијата на малцинствата, според Дуле, се главните проблеми на малцинствата воАлбанија.

– Зошто малцинствата во Црна Гора треба да ги имаат своите права, да ги слават своите национални празници, додека кај нас тоа не може да се регулира со закон. Не можеме да бидеме во улога на ној, кој ја нурнува главата во песок, потсетувајќи се дека другите не ја гледаат реалноста кај нас, реле Дуле.

Пренесувајќи ја информацијата, медумите истакнаа дека „Дуле зборува со јазукот на официјална Атина”, која „постојано повторува дека на патот кон Европска Унија, Албанија ќе биде условена со правата на грчкото малцинство”.

Треба да знаете
Последни објави