Search

Дуковски побара ослободителна пресуда за Боки

Пресуда со која Бојан Јовановски ќе се ослободи од обвинение по двете точки оти не е докажано ништо од обвинението, побара адвокатот на Боки, Сашо Дуковски во завршните зборови.

Според него, пропустите во предметот Рекет почнале во октомври лани, ден пред да биде објавен диспозитивот на обвинението кога на неговиот клиент му се слоши и не даде исказ.

Претходно, во своето излагање кое траеше два и пол часа, Дуковски даде низа забелешки за процесот, и укажа на тоа дека нема ниту еден доказ против Боку, не се вештачени мобилните телефони, како и дека обвинението се темелу само врз исказот на оштетениот Орце Камчев кој го фингирал целиот случај за да се извлече од постапката против него во Империја.

Во моментов е дадена пауза по која завршни зборови треба да даде и Бојан Јовановски.

Треба да знаете
Последни објави