Search

Дуковски: На Нухиу влакно не му фали што не издал наредби, а Чавков може да лежи затвор оти наредил евакуација на пратениците

Судењето за „крвавиот четврток“ продолжува со завршните ззборови на одбраната, а прв е адвокатот на Митко Чавков, Сашко Дуковски. Според него, од исказот на сите сослушани сведоци, а пред се на тогашниот министер, Агим Нухиу се утврдува дека Чавков е иницијатор за формирање на оперативната акција „Платформа“ на почетокот на март 2017 и со цел за да се формира тело во МВР кое би било во состојба да спроведува стратешко координативни задачи во врска со протестите на движењето „За заедничка Македонија“.
Обвинетиот Чавков имал златна команда во „Платформа“ и од тука обвинителот смета дека произлегува неговата вина. Но тоа не е така. Го демантирам застапникот на обвинението дека Чавков бил надлежен за ставање во сила на специјалните и обичните полициски сили. Од наша страна беа обезбедени повеќе од 200 писмени докази за активноста на оперативниот штаб „Платформа“, рече адвокатот.
Според него, постојат докази дека Чавков до издавањето на наредба за употреба на шок бомби и евакуација на пратениците активно давал наредби од 18.30 часот телефонски и тоа на сведоците Влатко Наумовски, Горан Наумовски-Зоља, Митко Пешов и сите останати надлежни за постапување.
-Значи немаме непостапување, не јавување на Нухиу не значи дека некој нешто не превзел. Ова што го велам се потрдува и од  исказот на Нухиу, кој го дава на цитираната главна расправа па вели„ кратко после 20 часот добив информација дека Села е повреден и дека од Чаир и други  места бивши припадници на УЧК се спремаат да тргнат накај Собрание, му пренесов на Чавков и тој му рече на Хитлер да се ангажираат дополнителни специјални единици и да се превземат сите мерки за ред во собранието и да се евакуираат пратениците”. Повторувам дека наредбата за евакуација на пратениците е на Чавков и од никој друг. Нухиу како сведок сам кажа дека Чавков издал наредба за ангажман на дополнителни сили и според тоа, не може да стои тезата на обвинителството дека таква наредба не е издадена, рече Дуковски.
Тој појасни дека наредбата можел да ја даде и министерот Нухиу.
– Во ниеден момент не сакам да префрлам вина туку да посочам дека Чавков е невин. Нухиу на истото рочиште вели: јас знам дека како министер имав право да ги ангажирам посебните и специјалните единици. Но не е вообичаено министер да се јавува директно на командантите на тие единици. Од една страна има такво овластување, а наводно Чавков не му се јавувал цели 50 минути. Да имаме правно признание на сведок дека, иако имал право не издал наредба и влакно не му фали од косата, а од обвинетиот Чавков, иако презел дејствија со командување се соочува со обвинение и казна од најамалку  десет години, ова ќе ме натера да размислувам дали правдата е еднаква кон сите, рече Дуковски.
Треба да знаете
Последни објави