Search

Дуковски: Боки 13 колабирал пред да даде исказ

Адвокатот на Боки 13, Саша Дуковски пред медиумите кажа дека Јовановски воопшто не дал исказ, бидејќи уште веднаш му се слошило, по што со брза со возило на брза помош и полициска придружба заминла од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција. Таму Боки 13  како првоосомничен денеска требаше да дава исказ за „Рекет“, по извршениот увид на доказите.

-Се случи непријатна сцена, нешто што се случува последните 40-50 дена откако е во притвор. Почна да повраќа и колабираше,  не беше контактибилен. Дојде брза помош и однесен е во болница. Обвинителството како и јас не сме лекари, но она што го видовме не беше воопшто пријатно. Секој човек заслужува право на живот. Јас сметам дека му треба адекватна медицинска нега, без оглед што сторил. Не случајно е сега однесен итно во болница и не случајно до сега барем 20 пати бил на лекар“, рече Дуковски.

Јовановски е во притвор во Шутка. Неговиот адвокат бараше пуштање од притвор поради влошена здравствена состојба, но ААпелацискиот суд не го уважи барањето.

Осомничени во случајот се и Зоран Милески Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Кичеец е во домашен притвор, а не е познато дали Јанев ќе даде исказ откако и таа заврши со увид во доказите.

 

Треба да знаете
Последни објави