Search

Дука: Не бараме многу од граѓаните, само поголема будност и строго почитување на мерките

Општинскиот Оперативен штаб на Дебар, со кој раководи градоначалникот Хекуран Дука, ја разгледа епидемлошката состојба со Ковид-19, во втората фаза од болеста, која на ова подрачје повторно се врати на 5-ти минатиот месец.

-Состојбата ја оценуваме како многу сериозна, како поради големот број на заразени во втората фаза така и поради појавата на се поголем број граѓани кои се јавуваат со симптоми на опасниот вирус. Не бараме многу од граѓаните и деловните субјекти, само поголема будност и строго почитување на мерките и протоколите.Ова е нашата и светска нова реалност која бара од нас да ја користиме заштитната маска, да одржуваме физичка дистанца и примена на правилата за хигиена, изјави Дука.

Податоците изнесени на седницата на Штабот говорат дека во втората фаза од болеста регистрирани се 141 случај позитвен на Ковид-19, наспроти 51 колку што имаше во првата фаза.

Поголем процент на заразени се во градот, додека тројца се од Центар Жупа, еден од селото Могорче, 10 од село Броштица, и по еден од Долно Косоврасти и Џепиште.

-Во моментов има 52 закрепнати со два негативни контролни теста, 17 случаи со еден позитивен тест и чекаат резултати од вториот тест, 35 кај кои првиот тест е позитивен а вториот негативен и чекаат да им биде земен третиот конролен тест а исто толкав број чекаат да поминат 14 дена за да им биде земен конролен тест, информираа надлежните на седницата на Штабот.

Според нив, во втората фаза од Ковид-19 починале две лица – мажи, еден од Дебар и еден од селото Броштица. Во првата фаза битката со опасниот вирус ја загубија четири лица, жена од Центар Жупа и тројца мажи од Дебар.

Моментно над 60 паценти се третираат амбулантски во Општата болница во Дебар, во Инфективната клиника се хоспитализирани четворица, во ГОБ „Осми Септември” тројца и еден во болницата во Козле. Во домашна излоација се 95 лица.

Според статистичките податоци на дебарското одделение за внатрешни работи, пак, во изминатото деноноќие, на 17 лица им се издадени прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.

Треба да знаете
Последни објави