Search

ДУИ ќе консултира меѓународни експерти за Законот за помилување

ДУИ ќе консултира меѓународни правни екперти  и нема да даде бланко поддршка на иницијативата на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, објави „АлсатМ“.

Коалиционите партнери засега се без усогласен став по одлуката Уставен да преиспитува дали поранешниот Претседател Ѓорѓе Иванов имал или немал право да ја повлече аболицијата за тогаш осомничените, сега обвинетите во случаите на СЈО.

-Во моментов правиме консултации со домашни и меѓународни правни експерти со цел правно разјаснување на оваа состојба, истакнаа од ДУИ.

Треба да знаете
Последни објави