Search

ДУИ поднесе над 5000 амандмани на Изборниот законик

Поднесени се над 6 илјади амандмани на предложените измени на Изборниот законик, а се поднесени од 15 пратеници од помалите партии кои предлагаат една изборна единица и отворени листи.
На денешната седница се предложени два предлог закони за измени и дополнувања на Изборниот законик. Првиот предлог-закон предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица во Републиката со 120 избрани пратеници а вториот предлог-закон, пак, се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за избор на советници.
Во вториот предлог исто така се предвидува замена на родовата квота од 40% со наизменичен еднаков број мажи и жени на листите за парламентарни и за локални избори.
Само пратеничката група на ДУИ поднела над 5000 амандмани на измените на Изборниот законик.
Пратеникот Артан Груби рече дека вакви едностарни измени на изборното законодавство пред избори се опасен преседан со последици кои не можат да се проценат во моментов.
ДУИ се за измени на изборното законодавство, рече Груби, но не пред избори и со квалитетни преговири меѓу партиите со цел да се дојде до консензуално решение.
Треба да знаете
Последни објави