Search

ДУИ да престане да го партизира јавното здравство и да се подготви за одење во опозиција

Демократската унија за интеграција мора да престане да го партизира здравството. Наместо да организираат протести подобро е овие 15 дена до изборите да ги искористат да направат 4-годишен план за реформа и демократизација на својата партија. Четири години во опозиција се доволно време за реформа на една партија.
ДУИ треба да сфати дека довербата кај граѓаните се гради низ годините, а не со евтина национал-популистичка пропаганда во последните 15 дена пред изборите.
Време е и ДУИ и сите останати политички субјекти да се издигнат над партиските интереси.
Здравјето на граѓаните, одржувањето на стабилен здравствен систем, се поважни и повредни од нивната желба за партиско профитерство.
Кој ќе ги предводи институциите во следните четири години одлучуваат исклучиво граѓаните, не одлучува ДУИ.
Треба да знаете
Последни објави