Search

ДУИ бара Уставен суд да овозможи регистрирање на лица во изолација за гласање и деновите до 15 јули

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи побара во име на партијата Уставниот суд веднаш да закаже вонредна седница за да донесе времена мерка и да се суспендира одредбата со која се ограничува регистрација на луѓето кои се во изолација само до 8 јули да имаат право на глас. Според него треба да се суспендира уредбата бидејќи денеска и утре има луѓе кои ќе се упатат во самоизолација поради Ковид-19 и не ќе можат да гласаат.

-Втор начин со одлука на ДИК или на Комисија за заразни болести да им се овозможи тие што се во изолација во меѓувреме да направат тест и доколу се негативни да можат во среда да гласаат  и со тоа да им се гарантира правото на глас и никој да не го оспори легитимитетот на изборниот процес. Заштита на граѓаните е важно, но треба и да се гарантира право на глас и не смее да се негира. Само денес имаме 205 нови позитивни помножете го тоа со бројот на контакти кои тие ги имале и тие што ќе одат во изолација. Тоа е можна бројка од 2000 граѓани што само денеска им се негира правото на глас. А ако тоа го множиме до денот на избори то значи дека околу 10 илјади граѓани ќе немаат право на глас, истакна Бујар Османи од Тетово.

Според него сите политички партии треба да се фокусираат да се најде решение бидејќи ова прашање не го засега само ДУИ, туку сите етнички заедници и партии.

Треба да знаете
Последни објави