Search

Дудуш бара извинување од Чулев кон граѓаните на Шуто Оризари

Во однос на несреќната вечерашна изјава на Техничкиот Министер за внатрешни работи, дека голем број на прекршувања на полицискиот час се регистрирани во општина Шуто Оризари, сакам да ја информирам јавноста дека согласно податоците на полициското одделение во Шуто Оризари, изминативме 5 дена откако е стапен во сила полицискиот час нема НИТУ една пријава против граѓанин кој го прекршил полицискиот час.

Го молам г-дин Наќе Чулев да се извини на сите граѓани на нашата општина и во иднина да пренесува информации со бројки а не претпоставки базирани на минато искуство од режимот кога Шутка им беше “дежурен кривец”, користејќи го методот на помал отпор и “влечење за уши еден по еден”.

Во вакви времиња најмалку што ни треба е дополнителна изолација, стеротипизација и манипулација со бројки на наш грб!

https://www.facebook.com/100000016729787/posts/3107369322606928/?d=n

Треба да знаете
Последни објави