Search

Дуа Липа ќе пее на финалето од Лигата на шампионите

 Популарната британска пејачка Дуа Липа ќе настапи на 26 мај на стадионот во Киев пред почетокот на финалниот натпревар од Лига на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

 

„Почестена сум што ме повикаа, тоа е можност што се добива еднаш во животот. Среќна сум што ќе бидам дел од тој спектакл, планирам да направам неверојатно шоу“, изјави 22-годишната пејачка.

Дуа Липа е родена во Лондон и има албанско потекло, а нејзиното семејство во 90-тите години се преселило од Косово.

Изминативе години меѓу познатите музички имиња кои настапија на финалето на Лигата на шампионите се групата Black Eyed Peas и пејачката Алиша Кис.

УЕФА вчера соопшти дека финалето ќе го суди српскиот арбитер Милорад Мажиќ.

Треба да знаете
Последни објави