Search

Др. Кузмановски: Постојат многу недостатоци во организацијата на здравствената служба во борбата против Ковид-19

Малку се тестира за коронавирус во државата. Бројката од 800, 900 тестови не е доволна, вели д-р. Игор Кузмановски на денешната панел-дискусија Live Chat насловена како „Затоа што секој живот вреди“. Според него, со толку малку тестирања нема да се добие точна претстава на бројот на заболени.

-Земјите кои сериозно се справија со коронавирусот, како што се Јапонија или Јужна Кореја, прават по 10 илјади или 20 тестирања на ден. Кај нас, покажува на недоволен број на тестирања. За жал кај нас, уште дебатираме за маски кои штитат и маски кои не штитат од коронавирусот, вели Кузмановски. Тој вели дека постојат многу недостатоци во организацијата на здравствената служба.

-Не само тестирањето кое е исклучително суфициентно, туку и еве денеска на мојата клиника, доктор добива само едни ракавици. Кога ќе ги извади тој несмее да ги стави повторно и една маска хируршка која не штити од коронавирус. Тоа се случува на сите интерни клиники. Нема респиратори, нема опрема за здравствените работници кои се справуваат со заразата, вели Кузмановски.

.

 

Треба да знаете
Последни објави