Search

Дру Баримор откри зошто никогаш не направила пластична операција: Јас сум многу зависна личност

Дру Баримор прозборе во врска со естетката хирургија и зошто со години се држи до природниот изглед.

Додека другите посегнуваат по ботокс или лифтинг третмани, 45-годишната Баримор објасни зошто никогаш не отишла „под нож“.

„Никогаш не сум направила нешто на моето лице и би сакала да се обидам да не го направам тоа во иднина“, изјави актерката, мајка на две деца за време на една епизода од своето ток-поу „The Drew Barrymore Show“. „Но, никогаш не кажувај никогаш“, додаде таа.

Баримор вели дека не сака да експериментира со козметички третмани кои на крајот ќе го променат нејзиниот природен изглед.

„Она за што се грижам и чувствувам дека сè уште е важно за мојот живот е моето јас. Јас сум многу зависна личност. Ако направам еден третман, до петок ќе изгледам како Џоселин Вилденстин“, рече таа, споменувајќи ја Џоселин позната по нејзините бројни пластични операции.

EPA EFE
EPA-EFE / ANDREW GOMBERT

„Мислам дека затоа се бунтувам, затоа што сум го видела тој притисок и сум ги видела сите оние жени кои се мачат себеси за да изгледаат на одреден начин… Едноставно никогаш не сакав да се плашам од тоа што животот ќе ми направи. Веројатно отидов во премногу спротивни крајности. Сега сум здодевна и безбедна и здрава“, продолжи Баримор.

Актерката вели дека стареењето е нормален процес, работите „одат на југ“ и тоа е во ред, тоа е дел од животот.

Instagram
Instagram

„Секоја година од мојот живот се чувствувам поранливо, но исто така знам како да ја ценам секоја година сè повеќе и повеќе“, додаде таа.

Ѕвездата наместо да посегне по естетски зафати за да ги „поправи своите несовршености“, во 2013 година започна своја линија за козметика „Flower Beauty“.

Преземено од Слободен Печат

Треба да знаете
Последни објави