Search

Другаризација- акција да се спречи насилството меѓу младите

Како започна школската година, така јавноста стана свесна за некои несакани настани кои се случија во училиштата во Скопје и Македонија. Заедницата беше сведок за неколку случаи на врсничко насилство, кога млади школски другари и пријателки си нанесоа повреди еден на друг. Луѓето ги гледаа овие немили настани преку медиумите, класичните и социјалните.

Некогаш одговорните и родителите не се свесни за активностите и работите што ги прават децата. Тоа не е нивна вина затоа што колку и да се трудат, малите знаат како да се скријат и како да го направат тоа што го сакаат. Тоа е дел од нивната природа исто како што е анимозитетот и агресијата која може да ја држат во себе со денови, некогаш и месеци. За да се запознаат родителите со некои од знаците како да ги препознаат насилството кај децата стартува акција која има за цел да поттикне Другаризација кај младите.“, порачуваат од Центарот за поттик на креативни потфати (ЦПКП), организаторите на активностите.

Тие во текот на одреден период ќе споделуваат насоки и ќе им овозможат консултирање на сите кои сакаат преку Фејсбук фан страната да дознаат што е можно повеќе за оваа тема. Самата Фејсбук фан страна може да се пристапи преку следниот линк (http://bit.ly/2QFaAvp)  или со пребарување на зборот „Другаризација“ на Фејсбук.

Целата акција ќе кулминира во настан на кој експерти од својата област ќе разговараат со родителите и другите заинтересирани. Се повикуваат сите кои што сакаат темата за врсничко насилство да допре до што поголем број на луѓе да ја следат страницата и да ги споделуваат нејзините постовите затоа што само сите може да влијаат во зголемувањето на свеста кај младите.

 

Треба да знаете
Последни објави