Search

Дрон откри редок вид цвеќе на Хаваите кое се сметало дека е исчезнато

Истражувачите испратија беспилотни летала на небото над Хаваи за да го набљудуваат богатиот биодиверзитет во долината Калалау. Набргу сфатија дека повторно откриле еден вид цвеќе за кое се сметало дека е исчезнато.

Според изјавата на Националната тропска ботаничка градина, Hibiscadelphus woodii е откриено на вертикална карпа. Повеќето делови од оваа област на долината се недостапни за луѓето поради стрмните делови.

Националната тропска ботаничка градина користела дрон-технологија во изминатите две и пол години за да ја разгледа уникатната флора во долината. Д-р Дејвид Лоренс, директор за наука и конзервација за градината, вели дека дронот во голема мера ги олеснува ботаничките истражувања на тешко достапен терен.

Пред откритието, ова растение за последен пат беше забележано во 2009 година. Hibiscadelphus woodii првпат беше откриено во 1991 година од ботаничарите на НТБГ во истата долина.

Тоа расте во грмушка или како мало дрво и има светло жолти цветови, кои се претвораат во пурпурна боја како што расте.

Треба да знаете
Последни објави