Search

Дрита Ислами од граѓанскиот собир на СДСМ: Да продолжиме да го развиваме Скопје, за да биде еднаков град за сите

„Да продолжиме да го градиме и развиваме Скопје, за Скопје да продолжи да биде еднаков град за сите жители. Сарај и Скопје се мојот дом и драго ми е што тој дом постојано се развива и разубавува во последните четири години благодарение на градоначалникот Петре Шилегов“ кажа атлетичарката Дрита Ислами на граѓанскиот собир на СДСМ во Скопје.

Таа ги повика сите сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати на 31 октомври да го поддржат градоначалникот Шилегов за Скопје да продолжи да се развива во следните четири години.

„Атлетиката е индивидуален спорт, но за успех потребен е ангажман на други луѓе. Исто е и со градоначалникот, тој е еден, но зад него е негиовиот тим и ние граѓани со цел да постигнеме заеднички успеси“ кажа Ислами.

Таа додаде дека каде и да оди низ светот кажува дека нејзиниот град, Скопје, прераснува во вистинска метропола и кажа дека е убедена дека под водство на градоначалникот Шилегов тоа ќе продолжи и во следните четири години.

Треба да знаете
Последни објави