Search

Државниот архив одбележува 69 години од формирањето

 Државниот архив денеска одбележува 69 години од формирањето. Во оваа институција се чуваат 7.769 архивски фондови, околу 70.000 архивски книги, 382 збирки, мноштво на микрофилмуван архивски материјал, а најстариот документ потекнува од 12 век – Евангелието на Св. Апостол Лука.

На 1 април 1951 година е формиран Државниот архив на НР Македонија, денес – Државен архив на Република Северна Македонија и тој ден се одбележува како ден на сите архивски работници.

– Чинот на основање на Државниот архив претставува еден од најзначајните настани во нашата понова историја, а Архивот за нашата држава и нашиот народ претставува изворно сведоштво за државното постоење и континуитет, како и за нашиот идентитет, информираат од Државниот архив.

Во рамки на Државниот архив денеска работат 300 лица во девет одделенија, и тоа во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Тетово, кои се формирани во периодот од 1951 до 1962 година.

Треба да знаете
Последни објави