Search

Дрецун: Меѓународен разузнавачки тим од авто-салон во Скопје го руши Вучиќ

Претседателот на српскиот парламентарен одбор за Косово, Милован Дрецун тврди дека силен разузнавачки тим формиран пред два месеци и маскиран во претставништво на еден голем западен произведувач на автомобили во Скопје, работи на блокирање на компромисно решение меѓу Белград и Приштина. Според неговите зборови, тимот го сочинуваат разузнавачи од Бугарија, Албанија, Македонија и Германија.

„Секое постигнување компромисно решение е темелен столб за стабилизација на овој регион, а непостигнување компромис меѓу Белград и Приштина е подготовка за нови судири во регионот и создавање ’Голема Албанија’“, вели Дрецун во интервју за српски „Курир“ што го пренесува „Б92“.

Тој смета дека македонската власт би морала да одговори која е целта на формирањето разузнавачки тим, со цел да и наштети на Србија.

„Што можат тие да работат освен да собираат информации и да шират дезинформации. Тимот не е формиран да ги штити нашите интереси, туку да работи спротивно од нив. Тоа не е наивно, можат да изведат некоја медиумска или политичка диверзија, дури и да предизвикаат судир“, наведува советникот на српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Тој истакна дека македонската власт мора да одговори која е целта од формирањето на разузнавачки тим, којшто сака да ѝ наштети на Србија.

 

Треба да знаете
Последни објави