Search

Древните Кинези вареле пиво на два различни начина

Древни наоди открија дека на територијата на Кина, луѓето пред 6.000 години вареле пиво на два различни начина. Во првиот метод е користено за’ртено просо, семиња од трева и ориз. Така се добивало послабо пиво. Во другиот начин се користени почетен агенс, мувлосана трева и зрна, соопшти тимот научници од Универзитетот Стенфорд, Калифорнија, САД.

Илјадалетија подоцна, двата начина се опишани во литературата, како „ли” – послабо пиво и посилното „џиу”.

Производството на алкохол од зрнести култури се одвива во две етапи. При првата, скробот се хидролизира до шеќери, подобни за ферментација со помош на ензими. Втората етапа е самата ферментација, при што квасецот ги претвора шеќерите во етил алкохол и јаглероден оксид.

При варењето на пивото со слад овие процеси се изведуваат независно еден од друг. При користењето на почетен агенс, тие се одвиваат во истовреме.

Треба да знаете
Последни објави