Search

Дрвото што го симболизираше пријателството меѓу САД и Франција се исуши

Француските медиуми пренесуваат дека дрвото засадено од претседателите Доналд Трамп и Емануел Макрон во дворот на Белата куќа како симбол на блиските врски на нивните земји се исуши.

Дабот беше подарок од Макрон за американскиот претседател, кој тој му го даде за време на посетата на САД во 2018 година.

Но, оттогаш односите меѓу двајцата претседатели не се толку топло поради различните ставови во врска со разни прашања.

Неколку француски весници, меѓу кои и „Ле Монд“ и „Ле Фигаро“, известија за исчезнувањето на дрвото, цитирајќи дипломатски извори. Дабот беше засаден во присуство на двајцата претседатели и нивните жени во 2018 година. Тоа беше симболичен момент за двете нации.

Истото било пренесено од Белоу Вуд, во близина на Париз, каде за време на Првата светска војна речиси 2.000 Американци загинале во една битка во јуни 1918 година. Но, неколку дена подоцна дрвото било отстрането и ставено во карантин согласно задолжителна постапка за увоз на живи организми во САД.

Дрвото оттогаш не се појавило повторно. Еден дипломатски извор изјави дека дабот овенал додека бил во карантин.

Треба да знаете
Последни објави