Search

Драчево не е Бугарија, вели Тијана на пишувањата на бугарскиот весник „Труд“ дека во неа тече бугарска крв

„Родена е во семејство на македонски татко Бугарин и мајка Србинка од Босна и Херцеговина“, вака бугарскиот весник „Труд“ ја опишува биографијата на пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ, на која поради улогата во хумористичната серија „Преспав“ се обиделе да и направат интервју.

-Родена е во семејството на македонски татко Бугарин и мајка Србинка од Босна и Херцеговина – Велко и Бранка. Во 1999 година дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ужива во успешна музичка кариера во Србија веќе 20 години, пишува меѓу другото во „Труд“.

Тијана за бугарската јавност стана позната по улогата на Ула, во серијата „Преспав“, каде пак гостуваше и бугарска актерка.

Побаравме коментар од Тијана и Тамара, како нејзина сестра, во која, според тврдењата на весникот, исто така би требало да тече бугарска крв.

-Тоа што се пишува по бугарски медиуми врска нема, но ми е драго што ме пишуваат. Значи дедо ми Спасе Тодевски е од Драчево,  татко ми е од Драчево, значи Скопје, мајка ми е од Херцеговина. Јас колку што се разбирам во штипки  татко ми е стар скопјанец. Значи татко ми е роден во Скопје, израснат во Скопје и  јас сум родена во Скопје. Татко ми студрал во Сараево, ја запознал мајка ми таму, дошле во Скопје, ме направиле мене Тамара и се останато е историја, ни рече кусо Тијана во нејзин стил.

Преземено од ММС

Треба да знаете
Последни објави