Search

Драчевец со ментални проблеми рекол дека поставил мина пред Собрание

Полицијата привела жител на Драчево, кој телефонски пријавил дека поставил мина пред Собрнието, информираше МВР.

-На 16.01.2019 година во 23.05 часот во СВР Скопје, Д.И.(40) од Скопје, лице со нарушено ментално здравје, лажно пријавил дека поставил мина пред Собранието на Република Македонија, а потоа и во зградата на Итната медицинска помош. По преземени мерки и активности од полициски службеници,  Д.И. бил приведен во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави