Search

Драма на Максимир, Звезда торпедирана на Маракана, Аталанта непоразена од Сити

Динамо Загреб пропушти голема шанса да направи исчекор кон осминафиналето во Лигата на шампионите, откако одигра 3:3 со Шахтар на Максимир во возбудлив меч со два црвени картони. Капитенот на „модрите“ Аријан Адеми погоди за 3:1 во 89. минута од мечот, но потоа домаќините примија два гола во судиското надополување.

На вториот меч од Групата Ц, Аталанта стигна до првиот бод откако одигра 1-1 пред своите фанови против Манчестер Сити. Стерлинг погоди за рано водство на гостите, пред крајот на првиот дел Жесус промаши пенал, а казната за ова стигна во 49. минута од мечот кога Пaшалиќ со глава ја затресе мрежата на „граѓаните“ за реми. Сити успеа да остане непоразен и покрај тоа што на последните десет минути бранеше десниот бек Кајл Вокер. Едерсон се повреди во 51. минута, па мораше да биде заменет, додека резервниот голман Клаудио Браво доби црвен картон во 81. минута.

Реал Мадрид не покажа милост и го совлада Галатасарај со 6:0 во натпревар од групата „А” во Лигата на шампионите, одигран на „Сантијаго Бернабеу”.

Избраниците на тренерот Зинедин Зидан целосно доминираа на натпреварот и за само 14 минути игра, имаа 3 гола предност. Прво Родриго (4′, 7′) постигна два брзи погодоци, а набргу потоа Серхио Рамос (14′) беше прецизен. На крајот од првото полувреме, Карим Бензема (45′) нанесе четврти шамар на гостите.

Во текот на вториот дел, продолжи кошмарот за Галатасарај. Бензема (81′) и Родриго (90 + 2 ‘) го дотолчија противникот а, Бразилецот со тоа го оформи и својот „хет трик”.

Така, Реал останува на второто место во групата со 7 бода, 5 помалку од лидерот Пари Сен Жермен, кој победи со минимални 1:0 вечерва против Бриж, и 5 повеќе од Белгијците на третото место.

Галатасарај е на дното со 2 бода.

Црвена Звезда загуби убедливо од Тотенхем и во Лондон со 0-4. Ло Селсо го отвори резултатот, Сон постигна два гола, а во листата на стрелците се запиша и Ериксен. Баер Леверкузен го совлада Атлетико Мадрид со 2-1 и ги прокнижи првите три бода во групата Д. Атлетико Мадрид со 7 бода е на втората позиција зад Јувентус.

Резултати од ЛШ, 4 коло:

Група „А”
ПСЖ – Бриж 1:0
Реал Мадрид – Галатасарај 6:0

Група „Б”
Баерн Минхен – Олимпијакос 2:0
Црвена Звезда – Тотенхем 0:4

Група „Ц”
Аталанта – Манчестер Сити 1:1
Динамо Загреб – Шахтјор Доњецк 3:3

Група „Д”
Локомотив Москва – Јувентус 1:2
Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид 2:1

Треба да знаете
Последни објави