Search

Драма кај Загреб: „Торцида“ извадиле оружје, полицијата пукала, застрелани двајца навивачи, повредени десетмина полицајци

По синоќешното дерби во Хрватска меѓу Динамо и Хајдук, дошло го големи нереди меѓу навивачите на тимот од Сплит и полицијата, во кои има голем број на повредени, а две лица се повредени со огнено оружје.

Нередите се случиле на автопатот А1, кај одмаралиштето Десинец, помеѓу Загреб и Карловац. Популарната навивачка група Торцида со десетици свои членови учествувале во тепачката со полицијата, која ги придружувала по натпреварот и ги испраќала од Загреб.

Навивачите на Хајдук не присуствуваа на дербито кое го доби Динамо, бидејќи одбиле да влезат на стадиунот.
-Им ги испративме сите упатства и правила, тие најавија дека ќе дојдат со одредена кореографија и Динамо тоа го одобри. Но пред натпреварот се појавија со сосема други реквизити, тапани и се што не најавија. Клубот им понуди да влезат на стадион без тоа, тие одбија и останаа надвор, изјавија од Динамо.

 

За да се смири топлата, полицијата морала да употреби и огнено оружје, при што биле ранети двајца навивачи, додека повеќе од 10 полицaјци биле повредени.

Хаосот започнал кога навивачите на Хајдук ги сопрeле сите три ленти од автопатот и околу 150 од нив излегле на автопатот. Сите биле вооружени, па затоа полицијата морала да користи и огнено оружје.

Треба да знаете
Последни објави