Search

Драма кај „Борис Трајковски“: Нехар турс не се плаши од коронавирусот, ги убедува луѓето да тргнат за Црна Гора

Вистинска драма вечерва се случува на паркингот пред спорскиот комплекс „Борис Трајковски“ во Скопје. Патниците кои уплатиле за четиридневна тура насловена како „Јадран Турс“ за Црна Гора, преку туристичката агенција Нехар турс, влегоа во жесток дуел со сопственикот на агенцијата и со неговиот син, објави „Слободен печат“.

Сопственикот на туристичката агенција ги убедува дека треба да се качат во автобусите и да го реализираат своето туритичко патување со Херцег Нови. На паркингот има два автобуси на Нехар турс кои, и покрај препораките на Владата да бидат откажани сите туристички патувања поради коронавирусот, сепак се подготвени да тргнат на пат. Иако дошле подготвени со торби, патниците сепак, не сакаат да го реализираат патувањето.

Дел од патниците се откажаа од патот, но сепак екипата на Слободен печат забележува засега дека има по околу 15-тина најхрабри кои Нехар ги убеди да се качат во автобусите бидејќи не сака да им ги врати партите.

Треба да знаете
Последни објави