Search

Драма во Скопје: Му фрлале камења врз автомобилот, па го претепале пред семејството

Драма во Скопје: Му фрлале камења врз автомобилот, па го претепале пред семејството

Скопјанецот А.Е. (27) вчера пријавил дека околу 11,20 часот на крстосницата на ул. „Индира Ганди“ со ул. „Гвадалахара“ во Скопје во моментот кога застанал со своето возило „Цитроен“, во кое бил со семејството и нивен роднината Н.Д. (26), неколку лица почнале со камења да фрлаат кон возилото и го искршиле предното ветробранско стакло и стаклото на предната лева врата.

-После тоа, лицата го извадиле А.Е. од возилото и физички го нападнале. Во еден момент А.Е. успеал да им побегне, се качил во возилото и побегнал, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави