Search

Драма во Скопско: Со секира сакал да ја убие сопругата на спиење, па се самоубил

Жител на скопската населба Дрма бил пронајден мртов во својот автомобил, откако претходно со секира тешко ја повредил сопругата која спиела, информираат од МВР.

Неофицијално, по нападот осомничениот си го одзел животот.

-На 09.07.2020 во 6.18 часот било пријавено дека во насела Дрма, скопско, во домот, В.Т.(61) со секира ја нападнал неговата сопруга П.Т.(57), додека спиела, по што со возило го напуштил местото на настанот. П.Т. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.

Во 10.02 часот било пријавено дека во нива во населбата Дрма, во автомобил „даеву ланос“, со скопски регистарски ознаки, бил пронајден починат В.Т., со повреда на вратот.

-Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави