Search

ДПМНЕ-Блокирана работи на штета на граѓаните, сака да ја блокира иднината, хистеричниот Мицкоски нема да успее

Соопштение за јавност- реакција на изјава на Христијан Мицкоски

„Мицкоски сака да ја блокира земјата, да ја блокира иднината ама не може.
Мицкоски сака да ја блокира работата на Собрание за да не се носат закони важни за граѓаните,

Мицкоски се обидува да ги блокира ваучерите од 6.000 денари за пензионерите, корисниците на право на социјална сигурност, самохрани родители, деца без родители, уметници, филмски работници.

Мицкоски се обидува да ја блокира финансиската поддршка за намалување на ковид последиците за земјоделците и лозарите. Мицкоски е толку неспособен што не знае да менаџира ниту со неговата партија која ја доведе пред стечај.
Со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, белиот дворец.
Хистеричниот Мицкоски одработува за странски интереси на штета на својот народ но нема да успее.

Граѓаните, заедно со СДСМ нема да дозволат Мицкоски да ја блокира нашата татковина, нема да дозволат да ја блокира македонската иднина!

Треба да знаете
Последни објави