Search

ДПК постави слика на Тачи позади Османи во салата на Собранието

Пратеникот на опозициската Демократска партија на Косово (ДПК) Мергим Љуштаку, на почетокот на денешната седница на Собранието, постави фотографија на претседателот на државата Хашим Тачи, на ѕидот позади местото на кое седи парламентарната спикерка Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

На овој начин, Љуштаку го изрази револтот на ДПК поради отстранувањето на фотографијата на Тачи од местото на кое претходно се наоѓаше во кабинетот на претседателот на Собранието.

Османи не реагира на поставувањето на сликата и продолжи нормално да ја води собраниската седница.

Според ДПК, со отстранувањето на сликата Османи го прекршила Законот за државен протокол, додека новата парламентаарна спикерка одговори дека нема никаково прекршување, затоа што сликата не е отстрранета, туку е поставена на друго, исто така видливо место.

Османи на местото каде што порано стоеше фотографијата на Тачи, наспроти својата работна маса, постави фотографија на првиот косовски претседател и основач на нејзината партија, Демократскиот сојуз на Косово, Ибрахим Ругова, за кого вели дека е „личноста која ја инспирира цел живот”.

Тачи е, пак, основач на ДПК и ја водеше таа до скоро владејачка партија до неговиот избор за претседател на државата.

Треба да знаете
Последни објави