Search

До 15 часот гласале 396.252, одѕивот е 28,89 проценти

Одѕивот до 15 часот изнесува 28,89 отсто од одработените податоци, или вкупно 396.252 гласачи досега излегле да гласаат, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.

Највисока е излезноста во Прилеп каде изнесува 43,85 отсто, а најниска е во Липково 9,85 проценти.

Деркоски оцени дека досега нема посериозни нарушувања на изборниот процес. Тој рече дека пристигнати се осум приговори кои не биле од суштинска природа, па не може да се каже дека го нарушиле изборниот процес.

Треба да знаете
Последни објави