Search

До 13 часот во Тетово гласале 16,71 процент, во Желино само 6,62 отсто

Од 23.510 жители на општина Желино само 6,62 отсто или 1.557 го искористиле правото на глас за претседателските избори. Бројките од останатите општински комисии укажуваат дека оваа општина бележи најмала излезеност.

Најмногу од граѓаните кои се одлучиле да го направат својот избор за претседател се бележи во општина Тетово. Таму до 13 часот гласале 13.928 лица или 16,71 отсто од вкупно евидентираните 83.367.

Во општина Теарце гласале 9,64 отсто или 2.133 жители од 22.116 регистрирани, помала излезеност има во општина Боговиње каде 8.01 процент или 2.204 гласале од 27.501. Излезеност од 14,25 проценти до 13 часот или 2.176 од 15.628 запишани гласачи е во оштина Брвеница, додека во Јегуновце, каде има најмалку, 10.171 гласач, до 13 часот гласале 13,4 отсто или 1.367 жители.

Треба да знаете
Последни објави