Search

До 13 часот во Прилеп излезеноста 35 отсто

 Непречено и без застој се одиваат изборите во Прилеп, Долнени, Кривогаштани и општина Крушево, информираат од општинските изборни комисии.

Во Прилеп на претседатеските избори своето право на глас го остваруваат 63. 989 граѓани зашишани во Ибирачкиот список на 142 избирачки места.

Според Коста Дурланов, заменик претседател на ОИК, нема никакви забелешки на изборниот процес.

– Нема застој, ниту забелешки на изборниот процес и досега се одвива непречено во демократска атмосфера. Одѕивот до 13 часот е 35 отсто, изјави Дурланов.

Иако е мал бројот, досега 20-ина граѓани во Прилеп навреме не ја контролирале важноста на личните документи и реагирале дека им е истечен рокот на важноста, особено повозрасните.

Гласањето без застој и без проблеми се одвива и во општините во регионот: Долнени, Кривогаштани и во Крушево. Изборниот процес го следат набљудувачи од ОБСЕ и од невладината МОСТ.

Треба да знаете
Последни објави