Search

„До последен миг беше на телефон со тимот на ‘Фенди’ во Милано“ , раскажува возачот на Карл Лагерфилд кој наследи милиони

Себастијен Жондо ја издаде книгата „Како си, драг Карл?“ во која открива многу интересни детали за починатата модна легенда Карл Лагерфилд.
Карл Лагерфилд почина во февруари 2019 година, а во последните мигови покрај него беше неговиот возач и телохранител Себастијен Жондо. Тој повеќе од две децении работеше за модниот креатор и сега своето искуство го преточи во книга „Како си, драг Карл?“.
Тој откри дека имал близок пријателски однос со својот работотавач.
„Лагерфилд беше модниот Мухамед Али. Беше на нозе кога му се случи нокаутот, до последен миг беше на телефон со тимот на ‘Фенди’ во Милано“ изјави Жондо.

„Продолжи да работи на фотографирања и колекции. Ништо не запостави. Карл за мене е херој, поради начинот на кој ја поднесе својата болест“ – откри Себастијен.
Во книгата „Како си, драг Карл?“ дејствието се одвива хронолошки и опишани се многу настани од 30-годишната кариера на Лагерфилд. За неа тој соработувал со француската модна новинарка Виржин Музат.

Себастијен го гледал Карл како свој татко, без разлика на неговиот тежок карактер. Својот однос со модната легенда тој го опишал и како „златен затвор“ бидејќи му дозволил да ја има целосната контрола над него. Жондо признава дека секој ден по смртта на Лагерфилд околу пет попладне добива напад на анксиозност, бидејќи во тоа време со Карл излегувал во град.
Себастијен е еден од седумтемина луѓе кои наследија пари од Карл Лагерфилд, а секако не смее да се заборави ниту мачката Чупет, на која Карл сакал да ѝ го остави целиот имот.
Меѓу шесте лица кои наследија пари од Лагерфилд се и манекените Баптист Џијабикони, Џејк Дејвис и Бред Крениг, соработничката Каролин Лебар, куќната помошничка Франсоа Какот, како и неговиот 12-годишен син Хадсон Крениг.

Преземено од Репортер

Треба да знаете
Последни објави