Search

До понеделник ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола ќе се зајакнување неговата оперативност

Иранската новинска агенција „Фарс њуз” објави снимка на која се гледа како иранската армија пресретнува и спушта американски дрон во Ирак.

По спуштањето, Американците го уништиле беспилотното летало.

Снимката е направена од американскиот дрон ЕмКју-9 (MQ-9) на територијата на Ирак и на Сирија. Дронот ги снимал позициите на ирачките сили, но бил пресретнат.

– Потоа дронот падна на територијата на Ирак, напиша на Твитер новинарот Мохамед Мансур.

По падот на дронот, Военото воздухопловство на САД одлучи да го уништи беспилотното летало.

Новинарот Бабак Тагваи на Твитер наведе дека уште од 2011 година Иран користи руски систем за радиолокациска борба 1Л222 „Автобаза”. Тој потврди дека и овој пат е употребен истиот систем за спуштање на американскиот дрон.

Треба да знаете
Последни објави