Search

До крајот на неделата променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Крива Паланка четири литри на метар квадратен, еден во Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Куманово.

умерен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи
од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 16 степен.

Од УХМР посочуваат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од
дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре и во
четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 4 до 13 степени, а максималната од 16 до 24 степени.

Треба да знаете
Последни објави