Search

„Дојче телеком“ и „Ериксон“ воведуваат 5G-радиомрежа во Германија

„Ериксон“ и „Дојче телеком“ (ДТ) потпишаа договор за воведување 5G-радиопристапна мрежа (РАН) низ Германија, соопштија компаниите.

Според условите на договорот, во текот на следните неколку години основните станици ќе бидат надградени според технолошкиот стандард 5G, користејќи ги производите и решенијата на „Ериксон“ од портфолиото на радиосистемите.

Договорот за воведување на 5G следува по договорот поврзан со воведување на повеќекратна 5G-радиопристапна мрежа и претставува нов чекор во успешната заедничка модернизација на радиомрежите на ДТ 2G, 3G и 4G, се вели во соопштението на двете компании.

Компаниите исто така посочија дека ќе се примени наградуваното решение на Ериксон – Spectrum Sharing, кое ќе му овозможи на ДТ да управува динамично со 4G и 5G-мрежниот сообраќај со ефикасно користење на постојниот спектар, истовремено зголемувајќи ги опфатот, перформансите и мобилноста.

Покрај јавните мобилни мрежи, двете компании соработуваат во опремувањето на индустриски компании со приватни мобилни мрежи, т.н. мрежни кампуси. Тие неодамна заеднички ги опремија погоните на БМВ и Осрам.

Треба да знаете
Последни објави