Search

Дошол на одмор во Србија па загинал: Врз автомобилот му паднала ролна лим тешка девет тони

Саша Живановиќ (37) од Виена, загина во четвртокот на патот Краљево- Крагуевац, кога девет тона тешка ролна лим паднала од камион врз неговиот автомобил „рено твинго“.

Несреќата се случила кога од засега непознати причини од камионот на фирма од Нови Пазар на една кривина испаднала ролната врз „реното“, кое доаѓало од спротивен правец. Возачот на „реното“ починал на пат кон болницата.

Возач на камионот е во притвор се додека не се утврди како се случило лимот да испадне од камионот.

Живковиќ, пак, дошол на одмор во Врњачка Бања кај семејството, а во четвртокот тргнал кон Пожаревац во посета на братот. Тој во Виена ги оставил седумгодишната ќерка и сопругата.

Треба да знаете
Последни објави