Search

Досега загинаа 48 луѓе во најсмртоносниот пожар во историјата на Калифорнија

Во пожарите кои беснеат во Калифорнија, досега загинаа најмалку 48 лица, со што оваа огнена стихија стана најсмртоносната во историјата на американската сојузна држава.

Најновите податоци за жртвите, изнесе окружниот шериф, Кони Хон, кој додаде дека форензички екипи со кучиња за откривање на лешеви ја пребаруваат областа опустошена од пожарот во Парадајс, околу 280 километри северно од Сан Франциско.

Најсилниот пожар со назив Кемп (Camp Fire) до вчера уништи површина од 50.000 хектари.

Напорите за пронаоѓање на жртвите се интензивираат по шест дена од избивањето на пожарот што зафати повеќе од 7.000 куќи и други градежни објекти, вклучувајќи го и поголемиот дел на населеното место Парадајс, кое има 27.000 жители.

Хонж претходно изјави дека 228 лица се водат за исчезнати, бидејќи неговата канцеларија работи на разјаснување на судбината на околу 1.300 лица за кои се распрашуваат роднини и пријатели.

Повеќе од 5.000 пожарникари и натаму се борат со пожарот кој уништи површина од 505 квадратни километри откако изби минатиот четврток, при што 52.000 луѓе беа принудени да се евакуираат, пренесе агенцијата АП.

Сепак, ослабените ветрови и повисоките нивоа на влажност им овозможуваат на пожарникарите да направат напредок во борбата против огнот, изјавија официјални претставници.

Во Јужна Калифорнија, огнот Вулси (Woolsey Fire) одзеде два човечки живота и уништи повеќе од 400 објекти, а 200 000 луѓе се евакуирани во планините и во подножјето на планините во близина на Малибу, западно од Лос Анџелес.

Треба да знаете
Последни објави