Search

Дортмунд излезе на чело во Бундеслигата по победата над Леверкузен

Борусија Дортмунд го совлада Баер Леверкузен со 4:0 во четвртото коло од германската Бундеслига и привремено излезе на врвот.

Почетокот на мечот со „Сигнал Идуна Парк” беше прилично бавен, но кон средината на првото полувреме домаќините притиснаа и Пако Алкасер го отвори резултатот со убав удар.

Така, тој веќе има реализирано гол во секое коло од почетокот на сезоната и е само втор фудбалер на Борусија со слично достигнување по Пјер-Емерик Обамејанг.

По паузата, „аспирините” беа блиску до изедначување, но наместо тоа, примија втор гол, реалзииран од Марко Ројс. До крајот домаќините постигнаа уште два гола, преку Рафаел Гереиро и повторно Ројс.

Борусија Дортмунд собра 9 поени и го надмина лидерот РБ Лајпциг поради подобра гол разлика. Баер Леверкузен го забележа својот прв пораз во сезоната и останува со седум поени.

Резултати од Бундеслигата:

Келн – Борусија Менхенгладбах 0:1
Унион Берлин – Вердер Бремен 1:2
Мајнц 05 – Херта берлин 2:1
Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен 4:0
Аугзбург – Ајнтрахт Франкфурт 2:1

Подоцна се игра последниот дуел од денешната програма, а се среќаваат РБ Лајпциг и Баерн Минхен

Треба да знаете
Последни објави