Search

Дополнетиот предлог за измени на Буџетот пред пратениците во второ читање

Дополнетот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година во второ читање денеска е ставен на дневен ред на 114. седница на Собранието.

Пратениците ќе разгледаат повеќе точки меѓу нив се и Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА” во Босна и Херцеговина, Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка” во Исламската Република Авганистан и дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство во второ читање.

На дневен ред се и Предлог на закон за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп во второ читање и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност, исто тала во второ читање.

Пред пратениците во прво читање ќе се најде и Предлог на закон за класифицирани информации.

Во Собранието денеска седници ќе одржат две собраниски комисии, за надворешна политика и Законодавно-правната и двете со една точка на дневен ред, Предлог – закон за ратификација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанство.

Треба да знаете
Последни објави