Search

Дончиќ собори рекорд, а Далас го победи ЛА Клиперс

Далас маверикс  предводен од словенечкиот кошаркарски интеранционалец Лука Дончиќ изедначи на 1-1 во победи од серија во НБА-плејофот против ЛА клиперс, откако синоќа славеше победа во вториот меч со 127-114.  Далас одигра одлична партија против Клиперс, водеше буквално во текот на целиот меч и на крајот заслужено дојде до победата.

Дончиќ беше најефикасен во составот кај Далас, постигна 28 поени, имаше осум скока и седум асистенции. Во првите два плејоф-меча во својата кариера Дончиќ постигна вкупно 70 поени, со што го надмина досегашниот најдобар учинок на сите времиња во НБА на легендарниот Карим Абдул-Џабар, кој постигна 69. Младиот словенечки кошаркар  можеше да има и подобар учинок доколку поради личните грешки не го преседе клучниот дел од натпреварот на клупата.

https://youtu.be/m0NZOkRW4_M

На Клиперс им недостасуваше Патрик Беверли, кој подолго време се мачи со повредата на ногата, а најдобар во овој тим беше Каваи Ленард со 35 поени и 10 скока, додека Пол Џорџ остана на само 14 поени.

За второто изненадување во Западната конференција се погрижија кошаркарот Јута џез, кои и вторпат славеа во пресметката со Денвер нагетс (124-105). Никола Јокиќ беше во стандардниот елемент со 28 поени, 11 скока и шест асистенции, додека Јута беше предводена од Донован Мичел со 30 поени.

Во првиот синоќешен натпревар, Торонто го совладаа борбениот Бруклин со 104-99 и поведе со 2-0 во серијата.

Резултати:
Торонто – Бруклин 104:99 (2-0)
Денвер – Јута 105:124 (1-1)
Бостон – Филаделфија 128:101 (2-0)
ЛА Клиперс – Далас 114:127 (1-1)
Треба да знаете
Последни објави