Search

Дончиќ најмладиот играч во НБА кој постигнал 300 тројки

Лука Дончиќ беше прво име кај Далас во убедливата победа на гости кај Орландо 102:126. Словенецот покажа дека повредата е минато и одигра нова партија за одушевување на фановите.

Постигна 33 поени, собра десет скока и беше на само две асистенции до нов „трипл-дабл“ учинок во тековната сезона. Мечот го заврши со четири погодени тројки од осум обиди и испиша нов историски податок.

20-годишникот, кој слави роденден на 28 февруари, стана првиот кошаркар со 300 постигнати тројки пред да наполни 21 година.

Треба да знаете
Последни објави