Search

Дончиќ како Леброн: Словенецот го одигра натпреварот на кариерата

Далас на свој паркет го совлада Сан Антонио со 117:110, а натпреварот го обележа Словенецот Лука Дончиќ, кој со 17-те поени во првата четвртина му донесе 14 поени разлика на својот тим

.Сан Антонио во наредните два периоди полека се враќаше во игра и на крајот добивме отворен натпревар кој во самиот финиш на околу 26 секунди до крајот го одлучи Дончиќ со тројка за 115:110.

Дончиќ го заврши натпреварот со трипл-дабл од 42 поени, 11 скокови и 12 асистенции. За Словенецот ова е шести трипл-дабл сезонава, а 14-ти во НБА кариерата. Дончиќ сега е помеѓу играчите со најмногу трипл-дабл учинока пред наполнети 22 години. Покрај тоа Словенецот стана вториот играч после Леброн кој на 21 година успеал да оствари трипл-дабл со 40 поени. Исто така ова е рекорден поентерски учинок во неговата кариера.

На другата страна најдобар беше Демар Дерозан со 36 поени и осум скока, Лемаркус Олдриџ натпреварот го заврши со 16 поени и девет скока.

РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Кливленд       123:105

Бруклин – Индијана     86:115

Торонто – Шарлот         132:96

Чикаго – Милвоки         101:115

Хјустон – Портланд       132:108

Далас – Сан Антонио    117:110

Феникс – Бостон             85:99

Јута – Минесота              102:112

Л.А. Клиперс – Оклахома          90:88

Треба да знаете
Последни објави