Search

Дончиќ и соиграчите пред дуелот со Полска се пијанчеле до – пет наутро!

Европскиот кошаркарски првак Словенија не само што не го одбрани трофејот на штотуку завршениот континентанелен шампионат, туку неочекувано беше елиминиран уште во четвртфиналето и тоа од аутсајдерот Полска (87:90). Киксот на еден од најголемите фаворити за освојување на „златото“ на евро-баскетото 2022, Словенија сега е цел на анализа зошто потклекна уште во четвртфиналето.

Босанскиот специјализиран кошаркарски портал „Бхбаскет“ открива дека словенечките кошаркари пред овој дуел со Полска се забавувале и пиеле до пет часот наутро. Забавата била легендарна и незаборавна, како и дебклот од Полска кој им се случи петнаесетина часа подоцна. Порталот се повикува на свои извори од Берлин, каде што се играше завршницата од ЕП-2022.

-„Змајчеки“ мамурни од пиење и јадење излегоа на терен да се соочат со мотивираната Полска и минаа како боси по трње. Своите слабости ги истурија врз судиите, во што предничеше Дончиќ. Тоа очигледно не го направи без причина, бидејќи добро знаеше што се случуваше само 15 часа пред еден многу важен натпревар. Словенците вешто го криеја пијанството, го турнаа под тепих, но барем сега луѓето знаат за што се работи“, се вели во дел текстот на овој портал.

Словенците против расположените полски кошаркари одиграа очајно првото полувреме, во кое имаа негатива поголема од 20 поени. Но, и покрај ова во третата четвртина се вратија во резултска игра, но немаа сили да направат и целосен пресврт.

Треба да знаете
Последни објави