Search

Дончиќ и Далас изборија мајсторка

Седмиот натпревар помеѓу Далас и Финикс ќе го одреди патникот во финалето во Западната конференција. Изминатата ноќ, Далас, предводени од Лука Дончиќ, изедначија на 3:3 во серијата. Далас славеа победа 113.86.

Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 33 поени, 11 скокови, осум асистенции и четири украдени топки.

За разлика од претходниот меч Доничиќ имаше поддршка од соиграчите, Реџи Булок постигна 19, Џејлен Брансон 18, а Спенсер Динвиди 15 поени.

Далас клучната предност ја направија во финишот на вториот период, со серојата 19:5.

Финикс го предводеше Диандре Ејтон со 21 поен и 11 скока, Девин Букер постигна 19, а Крис Пол само 13 поени.
Решавачкиот меч ќе се одигра во недела, во Финикс.

Треба да знаете
Последни објави