Search

Дончиќ го доби дуелот со Јанис и впиша нов НБА-рекорд

Лука Дончиќ одигра уште еден меч за памтење во НБА лигата, предводејќи го неговиот Далас маверикс до победа од 136:132 против Милвоки бакс, дури по продолжение од пет минути. Словенецот беше најдобар на теренот и заврши со моќен трипл-дабл од 36 поени, 14 скока и дури 19 асистенции. Ова беше неговиот 17 трипл-дабл и стана најмладиот играч во историјата на НБА кој запишал толкав број на троен двоен учинок во една сезона.

На спротивната страна центарот на Милвоки, Јанис Адетокумбо заврши со 34 поени и 13 скока, но едноставно Гркот не можеше да го следи ритамот на феноменалниот Дончиќ, кој веќе во дел од извештаите во американските медиуми го нарекуваат Супер човек.

Многу неизвесно беше и на дуелот Денвер и Јута, каде исто така требаше да се игра продолжение, по кое Денвер славеше со 134:132. Никола Јокиќ беше предводник на победничкот тим со 30 поени и 11 скокови. Во останатите два меча кои се играа синоќа: индијана – ЛА Лејкерс 116:111 и Феникс – Мајами 119:112.

Треба да знаете
Последни објави